Фудбал
17. May 2018 - 9:55

Јаневски во ЦСКА за месечна плата од 50 000 евра!

Довчерашниот тренер на ФК Вардар Чедомир Јаневски е во фокусот кај нашите соседи Бугарија и Грција како тренер кој е на мета на неколку екипи .

Според бугарските медиуми, Јаневски престојува во Софија каде преговара со раководството на ЦСКА и побарал месечна плата од 50 000 евра. 
Поранешниот селектор на Македонија освен со „Армејците“ преговара уште и со грчкиот Аполон Смирна за годишна плата од 150 илјади евра. 
Очигледно Јаневски ја претпочита ЦСКА каде парите и амбициите се поголеми.