Живот
12. May 2018 - 19:23

Следат големи промени: После 75 години, Уран повторно влегува во Бик

Уран, планетата на големи будења и промени се подготвува да се исели од Овен во Бик на 15 мај 2018 година, каде што ќе остане до 2026 година. Планета која создава ефект на бран што се чувствува низ целиот космос и носи нова енергија пред која нема да останеме рамнодушни.
 
Ова ќе значи период на огромни промени, особено за жените Биковите, знак кој всушност не е голем љубител на било каков дисбаланс. Уран е планета за промени, раст и будење, додека Бикот е знак на конзистентност, безбедност и стабилност. Уран сака се да промени, додека Бикот копнее за работите да останат исти. Овие две енергии не се сосема совршено совпаѓање, па Биковите може да чувствуваат притисок и да им е тешко да направат или да прифатат одредена промена.
 
Сепак, планетата носи убави можности пред кои Биковите не би требало да протестираат, туку да ги прифатат и да уживаат во прекрасниот период кој Уран го најавува со своето доаѓање.
 
Бикот е пролетен знак, ја претставува средината на пролетта која е максимално продуктивна, а Уран во Бик предизвикува забрзан раст на “новото“ на планетата Земја. Биковите ќе заборават на традицијата и ќе се впуштат кон нови непредвидливи територии, каде што се кријат вистински скапоцености.
 
За време на оваа промена на енергијата, веројатно сите знаци ќе доживеат будење од некој вид. Очекувајте да добиете нови сознанија или нови возбудливи можности кои ќе се појават на вашиот пат.