-->
-->
Возачот кој ја прегази новинарката кај Зебра бил под дејство на алкохол и марихуана
-->

Во Основното јавно обвинителство – Скопје се преземаат истражни мерки против осомничениот триесет и седум годишен скопјанец, кој вечерта на 7 јули со возило „опел" удри во пешак.
Надлежен јавен обвинител изврши увид на лице место по случената сообраќајна несреќа, во која животот го загуби едно лице. Издадени се наредби за вештачења, подигнати се траги од местото на настанот. Обвинителот нареди и вршење на обдукција над починатото лице.
-Според првичните сознанија добиени од анализата на крвта и урината од возачот на автомобилот, констатирано е дека истиот бил под дејство на алкохол. Имено, во крвта се пронајдени 1.52 промили алкохол, додека пак во урината 2.41 промили. Во урината на осомничениот се детектирани и метаболити од психоактивна супстанца што ја содржи растението канабис, соопштуваат од Јавното обвинителство.
Надлежниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка. Против осомничениот кој во моментов е на болничко лекување, ќе бидат преземени натамошни активности во насока на обезбедување на докази и расветлување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дебата во Собранието за намалување на процентот на репрезентативност на синдикатите во ЕСС
-
Регионалниот центар за гранични работи Исток расчисти случаи на кражба на огревно дрво и незаконски транспорт на дрва
-
Муцунски во посета на Париз, фокусот на реафирмирање на француската поддршка за евроинтеграциите
-
МВР: 25 земјоделци и 2 претпријатија измамени од вкупно 141.650 евра
-
Аритон Ала е нов заменик-претседател на Судски совет на РСМ
-
Контроли во угостителски објекти во Куманово, изречени десет глоби
-
Почина тригодишно дете од Кавадарци
-
ЕК: Бугарија ги исполнува условите за влез во еврозоната од 1 јануари