ВМРО-ДПМНЕ: Криминалниот картел наречен СДСМ не знае да работи, граѓаните заслужуваат стабилни институции и правна држава
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека неспособноста и неодговорноста на криминалниот картел на власт на чело со Зоран Заев излегува на површина.
- Недозволиво е најголемиот производител на електрична енергија во државата да е вон употреба половина ден. Повеќе од половина ден РЕК Битола воопшто не била функционална. Единствениот активен, од трите блока во РЕК Битола вчера испаднал од мрежа. Незнаењето на картелот на власт во текот на вчерашниот ден предизвика и прекин во дотурот со јаглен за термоцентралата. Имено поради пожар на една од постројките во рудникот на РЕК Битола снабдувањето со јаглен било запрено, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија вела дека додека државата економски пропаѓа, криминалниот картел во врвот на власта ги дефокусира граѓаните.
- Отворање на нови работни места и нови странски инвестиции нема. Се вработуваат синови, ќерки, сопрузи и други блиски и далечни роднини на функционерите од власта. Растот на БДП за минатата година е 0% и сме последни во Европа и во регионот. Постојано власта на СДСМ не задолжува а капиталните инвестиции нема, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека наместо просечната плата да биде 30.000 денари, таа оди надолу, нема повисоки пензии и 100 илјади денари плата за докторите.
- Не изградија ниту еден километар автопат а ветија дури 600. Институциите се злоупотребуваат и се користат за политички пресметка. Правната држава е девалвирана и не се почитуваат законите. Ова беззаконие мора да запре. Граѓаните заслужуваат стабилни институции и правна држава. Овој криминален картел не смее да продолжи да ја управува државата. Граѓаните заслужуваат подобро. Криминалниот картел наречен СДСМ не знае да работи. Државата и граѓаните трпат директни загуби. Оваа ненародна власт мора да си замине. Граѓаните заслужуваат подобро, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Напад со секира во француски воз: Четворица повредени, двајца во тешка состојба
-
Шведска не дозволи изградба на 13 паркови со ветерници во Балтичко Море поради безбедносни ризици
-
Тошковски: Општество кое има сигурни и безбедни новинари е демократско општество
-
Приватните превозници бараат состанок со ЈСП за покачување на цената за километар и се обврзуваат старите автобуси да ги заменат со нови еколошки
-
Без вода утре делови од Сарај и Карпош
-
Кривична пријава против поранешни вработени во МВР за „оддавање службена тајна“, ја користеле познатата SKY/ECC апликација
-
Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини во подршката за палестинскиот и либанскиот народ
-
Тројцата астронаути од кинеската мисија „Шенжоу-18“ се вратија на Земјата