Евролига: Фенербахче и Жалгирис изборија фајнал-фор
Фенербахче ќе ја брани европската титула на Фајнал фор турнирот во Белград, откако со 3:1 ја елиминираа Басконија, победувајќи на гости со 92:83 во последниот меч од серијата.
Ова ќе биде четврти настап во низа за турскиот клуб на Фајнал фор турнирот во петтата сезона под водство на Жељко Обрадовиќ, тренер кој досега има 9 титули во Евролигата.
Фенербахче го контролираше мечот од втората четвртина за да има предност и од дури 21 поен, пред Басконија да направи низа од 14:1 и да внесе малку неизвесност. Фенер се одбрани од овој напад за на крајот да слави со 11 поени разлика.
Србинот Марко Гудуриќ имаше 22 поени и 3 асистенции, неговиот сонародник, Никола Калиниќ додаде 13 поени, а Николо Мели имаше 21 поен. Кај домаќините Винсент Порие имаше 14 поени, а Бубоа заврши со 13.
За ново финаче, Фенер ќе се бори со литванскиот Жалгирис, кој со 3:1 го елиминираше Олимпијакос.
Ново на Сител
-
Во Штип мирен марш за загинатите во трагедијата во Кочани
-
За 24 осомничени лица за трагедијата во Кочани определен 30 дневен притвор
-
Омерагиќ: Приходот од влезниците за мечот со Велс ќе биде дониран за настраданите во Кочани
-
Тринаесет лица повредени во Париз во потера по автомобил кој одбил да застане
-
Ромската фондација за Европа одлучи да донира 10.000 евра за поддршка на семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
-
Модриќ сака да остане во Реал Мадрид уште една година и да се пензионира во дресот на „белите“
-
Папата Франциск утре ќе биде пуштен од болница
-
Почина Светлана, внуката на Јосип Броз Тито