Почина Инука- единствената “тропска“ поларна мечка во светот
Единствената поларна мечка на светот родена во тропски услови почина во Сингапур од заболувања поврзани со возраста.
„Заеднички донесовме многу тешка, но неопходна одлука да не го разбудиме Инука од анестезија од хумани причини“, соопшти сингапурската зоолошка градина.
Инука е роден во зоолошката градина и со 27 години надживеа просечна дива поларна мечка за повеќе од десет години. Иако многу популарен, неговото присуство беше проследено со чести протести на активисти за заштита на животни.
Последните лекарски прегледи покажаа дека Инука страдаше од артритис, проблеми со забите и од ушна инфекција. Поради слабеење на екстремитетите, Инука сѐ потешко можеше да се движи.
„Колку и да сакавме да го задржиме Инука што е можно подолго, нашата крајна одговорност беше неговата благосостојба, што беше значително загрозена од неговите последни здравствени проблеми“, изјавија од зоолошката градина.
Во Сингапур, температурите ретко паѓаат под 25 Целзиусови степени, што се необични услови за живот за поларна мечка.
Ново на Сител
-
Навивачи на АЕК предизвикаа инцидент во финалето против Алкалоид
-
Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата
-
Алкалоид го совлада АЕК во првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп
-
Во амбасадата во Пекинг одбележан Денот на сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“
-
Мицкоски за договорот со В. Британија: Ниту било побарано од мене, ниту ми паднало на памет градење мигрантски кампови
-
Папата Лав Четиринаесетти го прими Зеленски
-
Зеленски се сретна во Венс и Рубио во Рим
-
Скопјанец ограбил казино и ја нападнал вработената