Москва: За разлика од САД, Русија не се занимава со уривање влади
Русија не се занимава со уривање на странски влади и не се меша во внатрешните работи на други држави, за разлика од САД, соопшти руската Амбасада во Вашингтон во реакција на изјавите на кандидатот за нов американски државен секретар Мајк Помпео за време на сослушувањето во Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат.
- Би сакале уште еднаш да посочиме дека Русија не се занимава со смена на влади, мешање во внатрешните работи на други држави и режирани „револуции“. Таквите методи до совршенство ги применуваат САД, кои имаат богато искуство на тоа поле, се наведува во соопштението.
Амбасадата наведува дека за време на сослушувањето на Помпео одново можеле да се слушнат „недокажаните обвиненија против Русија за мешање во американскиот изборен процес“, како и дека САД промовираат демократија и човекови права, а Москва ја поткопува западната демократија и помага свои кандидати.
- САД редовно го кршат суверенитетот на други држави и се мешаат во нивните внатрешни работи. Омилена такктика на американските разузнавачки служби е мешање во изборните процеси во странски земји и предизвикување преврати за уривање на несаканите влади, се наведува во соопштението, при што се додава дека „листата на заслуги и примери за лошото однесување на САД во целиот свет е впечатлива“.
Според руската Амбасада, постојат „документирано потврдени факти“ за мешање на САД во изборите во поголем број земји, при што на листата од околу 35 посочени држави, меѓу останатите, се и Албанија, Бразил, Бугарија, Велика Британија, Грција, Романија, Словачка, Украина и Шпанија.
Помпео во вчерашното сослушување пред сенатскиот Комитет посочи дека „Русија силно се ангажира во поткопувањето на демократските вредност од Балканот, до Латинска Америка“.
- Мораме насекаде да возвратиме и да ги користиме сите средства со кои располагаме, од економијата, до интернетот. Ќе возвратиме на негативното руско влијание и ќе го спречиме, изјави Помпео.
Според него, Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп била целосно во право кога ја идентификувала Русија „како опасност за САД“.
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени