-->
-->
За демонстрантите против патарините во Албанија одреден притвор
-->

Како што јави дописникот на МИА, за 11 демонстранти Судот одреди мерка притвор, за двајца домашен притвор, додека останатите беа ослободени со обврска да се јавуваат во полиција.
Додека судијата ја читаше одлуката во судската сала се слушаа извици „срам, срам...“.
Насобранте граѓани и пратеници од опозицијата пред Судот извикуваа „Ослободете ги нашите деца“, „Рама оди си“ и „Уапсете ги владините претставници“.
Дваесет и тројцата, главно жители на северниот град Кукс, беа приведени во недалата, ден по саботните протести, во кои беа повредени 13 полицајци и дваесеттина демонтранти, кои речиси целоно го уништија наплатниот пункт, барајќи укинување на патарината.
Поради опасност редовните протести за ослободување на притворените да излезат од контрола, судската зграда и пошироката околина ги обезбедуваа околу илјада полицајци.
Опозицијата, предводена од Демократската партија, која ги подржува протестите, вчера повика на граѓанска непослушност и најави масовни антивладини протести.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево