Церар: Очекувам Македонија да добие позитивна препорака за почеток на преговори со ЕУ
Словенија ја поддржува Македонија за евроатлантските интеграции. Земјата напредува на планот на реформите и очекувам да добие позитивна препорака за почеток на пристапните преговори со ЕУ, рече словенечкиот премиер Миро Церар на заедничката прес-конференција во Владата со неговиот домаќин премиерот Зоран Заев.
- Посебно ме радува што гледам дека Македонија напредува во своите реформи и што Парлламентот веќе во април ќе го разгледува пакетот важни закони кои ќе доведат до значајни реформи во областа на правосудството и на другите подрачја, бидејќи само на тој начин ќе биде можно Македонија релативно брзо да се интегрира во Европа како и во НАТО сојузот, рече Церар.
Тој изрази убедување дека е потребно да се интензивира процесот на интеграција за Македонија и другите земји од регионот во ЕУ.
- Западен Балкан е дел од Европа и прашањето за интеграција на државите од Западен Балкан во Европа мора секој ден да биде на дневен ред и тој процес да се интензивира. Очекувам дека ЕК за кратко време ќе даде препорака за преговори за влез на Македонија во ЕУ и верувам дека тоа ќе ги поттикне понатамошните позитивни процеси. Стабилната и успешна Република Македонија е во интерес и на регионот, на целата европска заедница, рече Церар и посочи дека очекува многу од мајскиот самит на ЕУ и земјите од Западен Балкан во Софија.
Премиерот Заев кажа дека Република Словенија е добар пример како се напредува на економски и евроатлански план, а денеска, рече, добивме уште една потврда дека во Словенија имаме силен сојузник за нашите аспирации во ЕУ и НАТО.
- Потребна ни е поддршка во пресрет на новонајавениот засилен дијалог на РМ со ЕУ во рамки на споведувањето на Стратегијата за проширување на ЕУ и во услови кога бугарското и претстојното австриско претседателство на ЕУ се фокусирани на регионот. Ние како Влада веруваме дека ќе добиеме чиста препорака од ЕК во втората половина на овој месец со што на мајскиот самит ЕУ - ЗБ во Софија и јулскиот Совет на ЕУ се отвораат услови за Македонија да добие датум за почеток на преговорите за пристапување кон ЕУ. Во овој важен момент за Македонија, Словенија стои до нас и тоа е силен влог во натамошните билатералните однсои и развојот на економската сорабвотка, рече Заев.
Во однос на економската соработка словенечкиот премиер изрази задоволство што Словенија и натаму е меѓу најголемите странски инвеститори во земјата. Истакна дека трговската размена минатата година забалежала раст од над 10 проценти и најави дека Словенија и понатаму развојно ќе ја поддржува Македонија, со акцент на заштита на животната средина и енергетската ефикасност, а постојат услови за развој и во областите како земјоделство, туризам, челична и други индустрии.
Словенечкиот премиер кој престојува во дводневна официјална посета на Македонија, е придружуван од голема бизнис-делегација. Заедно со Заев утре ќе ја отворат и ќе имаат свои обраќања на Бизнис конференцијата во просториите на Стопанската комора на Македонија.
Словенечкиот премиер Церар за време на дводневната посета на Македонија ќе има средба и со претседателот на државата Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Ново на Сител
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид
-
САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток
-
„Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ - возила годишно
-
Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство
-
На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час