Фудбал
21. October 2015 - 10:54

Куп на Македонија: Реванш осминафинале

Осумте реванш дуели од осминафиналето од Купот на Македонија ќе се одиграа попладнево по што ќе бидат познати екипите, кои ќе ги продолжат натпреварите во четвртфиналната фаза.
 
На првите дуели немаше ниту еден нерешен резултат, а во реванш дуелите денеска три домашни екипи ќе стартуваат со предност благодарение на победите на гости. Висока победа оствари Вардар на првиот дуел со Пелистер и би требало да има само формална заврека на пласманот во следната рунда.
 
Двојки за осминафиналето:
 
Металург – Шкендија (0:2 прв натпревар),
Силекс – Ренова (2:1),
Шкупи – Брегалница (0:2),
Љубанци – Македонија ЃП (2:3),
Пелистер – Вардар (1:4),
Работнички – Гостивар (4:0),
Скопје – Хоризонт Турново (1:3),
Младост Царев Двор – Влазерими (4:2).
 
Почетокот на сите натпревари е во 14:30 часот.