-->
-->
Седници на три собраниски комисии
-->
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија.
Во Комисијата за финансирање и буџет ќе продолжи амандманската расправа за Предлог буџетот на РМ за 2016 година.
На дневен ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство се измените и дополнувањата на Законот за пасиштата, на Законот за земјоделското земјиште и на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, сите во прво читање.
Законодавно-правната комисија ќе расправа за закони во прво читање и автентични толкувања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево