Револтиран од одлуката Чавков штрајкува со глад и одбива да ја прими редовната лекарска терапија
Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, кој рано утринава повторно беше вратен во притвор, по само еден ден од одлука на Врховниот суд да биде пуштен во куќен притвор, почнал да штрајува со глад.
Револтиран од одлуката на Кривичниот суд, Чавков, кој има проблеми со срцето, дури одбивал и да ја прима редовната лекарска терапија.
Неговото семејство во изјава за „Нетпрес“, вели дека е загрижено за неговата здравствена состојба и дека во изминатиот период се под постојани притисоци и закани.
На Чавков минатата година му е вметнат стент, а условите во притворот го загрозуваат неговиот живот.
Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со настаните што се случија на 27 април 2017 година, според член 313 од Кривичниот законик.
Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, еден од бранителите на обвинетите, рече дека Основниот суд се прави попаметен од Врховниот кога е во прашање повторениот притвор за дел од учесниците во насилниот упад во Собранието.
Чавков за време на настаните во април раководеше со оперативниот штаб на Министерството за внатрешни работи. Тој беше посочен дека два часа не давал наредба за дејствување на полицијата, со што го довел во опасност животот на пратениците и новинарите.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска