На Дигиталниот самит за Западен Балкан ќе се разговара за пониски цени во роаминг
- На Дигиталниот самит на Западен Балкан во Скопје ќе разговараме за драстично намалување на цените на роамингот за земјите од регионот со ЕУ, рече министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на меѓународната конференција за ИКТ, иновации, регулатива и инвестиции, што се одржува во Софија.
Манчевски најавил дека на самит,от што ќе се одржи на 18 и 19 следниот месец во Македонија, покрај за намалување на цените на роамингот за земјите од Западен Балкан со ЕУ, ќе се разговара и за заемно признавање на дигиталните сертификати меѓу земјите од регионот со EУ, за зајакнување на дигиталните вештини, како и за заедничка стратегија за сајбер-безбедност на Западен Балкан со ЕУ.
Иновациите и претприемништвото во ИКТ, посочил министерот Манчевски, се признати како основно средство за создавање работни места и економски развој во Македонија, а ова е случај и во останатите земји од Западен Балкан.
- ИКТ е основата на реформите на администрацијата, а дигитализацијата значително ги намалува можностите за корупција, навел меѓу останатото Манчевски, на конференцијата во Софија под покровителство на Владата на Бугарија во рамки не нејзиното претседавање со Европската Унија.
На конференцијата се обратија и претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев, еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриел, Бесим Беќај, министер за иновации и претприемништво во Владата на Република Косово,.
Ново на Сител
-
МВР: Лични документи може да се подигнат и утре
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Истрага за недозволено држење оружје
-
Обид за кражба во простории на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал
-
ДИК: Двојните избори утре ќе ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, како и 83 странски новинари
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд