Шапуриќ на меѓународна конференција за економски бенефити од управување со отпад
Министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ учествува на дводневна меѓународната конференција за одржлив развој и животна средина „Економски бенефити од управување со отпад во земјите од Балкан - меѓународна соработка“, што се одржува во Истанбул.
- Владата на РМ има цврста определба заедно со единиците на локалната самоуправа да изгради регионални центри за управување со отпад, каде што ќе се врши искористување на потенцијалите на отпадот преку неговата преработака. Во оваа насока се преземени првите чекори за измена на регулативата, рекол Шапуриќ во воведно обраќање на пленарната сесија на дводневната конфренција.
Шапуриќ, информираат од неговиот Кабинет, нагласил дека воспоставување интегрален одржлив систем на управување со отпад придонесува за унапредување на животната средина и здравјето на граѓаните, но истовремено создава можност за економски бенефити, нови инвестиции и отворање нови работни места, што води кон одржлив пораст на економијата.
Во тек на конференцијата Шапуриќ остварил билатерални средби со Балта Мухамед, претседател на комисија за животна средина на Парламентот на Турција, Дубравко Понош, директор на фонд за енергетска ефикасност и животна средина на Хрватска, Баран Божоглу, претседател на Комора на инженери од областа на животна средина на Турција и Фатмир Матоши, заменик министер во Владата на Косово.
Ново на Сител
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар
-
Пронајден пиштол „Црвена Застава" при претрес на домот на 46-годишник
-
Најмалку 18 лица го загубија животот во експлозија на камион цистерна со гориво во Нигерија
-
Најстудено во Битола и Берово, најмногу снег на Попова Шапка