-->
-->
Американски носач на авиони во Виетнам после 40 години
-->
Американскиот носач на авиони Ју-Ес Карл Винсон, денеска, за првпат од Виетнамската војна, пристигна во Виетнам, во пристаништето Дананг.
Американскиот носач на авиони, во придружба на крстосувач и разорувач, пристигна со повеќе од 6.000 екипаж во Дананг, што е најголемо воено присуство на САД во Виетнам од војната во 1975 година.
Американските медиуми оценуваат дека со доаѓањето на американскиот носач на авиони, се потенцираат се поголемите стратешки врски меѓу некогаш непријателските земји.
„Оваа посета означува камен-темелник, што е огромно значење за нашите билатерални односи и ја покажува американската поддршка за силен, просперитетен и независен Виетнам“, наведе во соопштение американскиот амбасадор во Виетнам Даниел Крајтенбринк.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тошковски: Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период
-
Уапсено лице кое предизвикува пожар во скопско Огњанци
-
Објавена снимка од надзорна камера, Арсовска прва нападнала, а полицијата веднаш реагирала | ВИДЕО
-
Освоивме прва награда на ICAMES во конкуренција на 15 држави | Елена и Марко од ФЕИТ | Sitel Podcast 103
-
Алкараз ќе ја брани титулата на Вимблдон, откако избори трето финале
-
Новата ракометна сезона ќе ја отворат Еурофарм Пелистер и Вардар во Супер купот
-
Утре потопло со пораст на дневните температури
-
Општина Чаир го осудува нападот врз Арсовска, нагласува дека никој од институцијата не е поврзан со настанот