Свет
2. March 2018 - 8:29

За САД е „шега“ идејата на Русија за хуманитарни коридори во Сирија

Руските предлози за хуманитарни коридори за евакуација на луѓето од Источна Гута се „шега“, бидејќи населението се плаш да ги користи поради страв од воена служба, егзил и смрт, оцени американскиот Стејт департмент.

- Идејата за Русија која повикува на т.н. хуманитарен коридор, да бидам јасна, е шега", изјави портпаролката на Стејт департментотм Хедер Нојерт,

Според неа, жителите се плашат да ги користат таквите коридори, бидејќи може да бидат повикани на задолжителна воена служба во силите на сирискиот претседател Башар ал Асад, никогаш да не се вратат во своите домови или да бидат убиени.