Украински ултра десничари фрлаа факели врз Конзулатот на Русија во Одеса
Украински ултра десничари синоќа фрлаа запалени факели преку оградата на комплексот на Генералниот конзулат на Русија во Одеса, а оградата на комплексот ја испрскаа со боја.
- Откако ја пееја украинската национална химна, учесниците во протестот фрлаа запалени факели преку оградата на објектот и оградата ја прскаа со боја, јавија дел од украинските медиуми.
Околу 30 припадници на различни националистички организации се собраа кај Рускиот конзулат, а своите акции ги објаснија со тврдења дека одбележуваат четврта годишница од случувањата поврзани со анексијата на Крим кон Русија.
Според руските медиуми во близина на Конзулатот имало педесетина полицајци, но тие не ги спречиле националистите.
Канцелариите и мисиите на разни руски организации и компании често се цел на напади на многубрајни украински крајни десничари.
Ново на Сител
-
Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа, откажана и прес-конференцијата
-
Зеленски четири пати им се заблагодари на Трамп и на САД
-
Макрон по прекинатиот разговор Трамп-Зеленски: Има агресор, а тоа е Русија
-
Белата куќа: Договорот за минерали меѓу САД и Украина не е потпишан
-
Трамп до Зеленски: Ризикувате да започнете Трета светска војна
-
Тошковски: Затворот Скопје функционирал повеќе како туристичко-угостителско правно лице, отколку како затвор
-
Трамп го прогласува англискиот за службен јазик во САД
-
Физички нападнат 23-годишник од Илинден пред ноќен клуб