Во Маврово наврна над половина метар снег- еве како е на другите места
До 16 часот во Маврово наврнале 56 сантиметри снег, во Лазарополе 31, Пожаране 20, пет сантиметри во Тополчани два во Тетово, Штип, Претор и Битола и еден сантиметар во Скопје, Прилеп и Охрид.
Како што соопшти УХМР, најстудено е во Берово, Лазарополе, Маврово, Тополчани и Ѓуриште, каде се измерени минус 2 степени, во Скопје, Пожаране и Виница 0, во Битола и Демир Капија еден степен во Струмица и Тетово 2, Во Штип и Претор 3, Охрид 4 и 7 степени се измерени во Гевгелија.
Вечерва времето ќе биде облачно и студено со повремено пообилни врнежи од снег. На север и долж Повардарието ќе остане поизразен северозападен ветер.
За утре синоптичарите најавуваат облачно и студено време, со врнежи од снег. Врнежите ќе продолжат од преку ноќта, ќе се префрлаат кон исток и ќе бидат пообилни во претпладневните часови, особено во југоисточните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка. Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 0, а дневната минус 3 до 2 степени.
Во Скопје исто така облачно и студено, со слаб до умерен северозападен ветер и со врнежи од снег особено претпладне. Температурата ќе биде во интервал од минус 2 до 0 степени.
Во следните денови ќе бидеме под влијание на многу студена и влажна воздушна маса што ќе услови значително заладување и повремени врнежи од снег. Утре во текот на денот врнежите ќе се префрлат кон исток, каде што ќе бидат поинтензивни. Од овие врнежи насекаде ќе се формира снежна покривка (на пониските места околу 10-15 см, а на планините покривката ќе се зголеми и за над 30 см).
Локални врнежи од снег ќе има и во вторник претежно во западните делови, а краткотраен снег е можен и во ноќта кон среда. До четврток температурите ќе бидат во опаѓање и се значително под просекот за овој период од годината.
Најстудено ќе биде в среда и четврток преку ноќта кон изутрина, кога утринската температура на места ќе се спушти и под и минус 10 степени. Од петок температурата ќе биде во пораст.
Ново на Сител
-
Тепачка во бугарскиот Парламент поради одлуката за преминување на евро | ВИДЕО
-
Јадар во Србија меѓу 13 стратешки проекти на ЕУ со критични минерали
-
Трамп разговарал со Путин - не бил разговор што „ќе доведе до моментален мир“
-
Захарова: Западот е соучесник во украинските напади врз цивилни цели во Русија
-
Новите кадровски решенија на Владата на дневен ред на собраниска седница во понеделник
-
Побаран вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци
-
Париз домаќин на преговорите за трговија меѓу САД и ЕУ
-
Министерот Мисајловски во Брисел на состанок на министри за одбрана на НАТО