Усвоени Финансиските извештаи и Годишната сметка на НБРМ
Советот на Народната банка на Република Македонија денеска ги разгледа и усвои Финансиските извештаи и Годишната сметка на банката за 2017 година, кои беа предмет на ревизија на независно друштво за ревизија.
Според мислењето на независниот ревизор, Финансиските извештаи на Народната банка на Република Македонија ја прикажуваат финансиската состојба на 31 декември 2017 година објективно во сите материјални аспекти, како и резултатите од работењето и паричните текови за годината што заврши, во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување, соопшти НБРМ.
На денешната седница беше разгледан и усвоен и Извештајот за работењето на внатрешната ревизија во 2017 година, при што е заклучено дека Дирекцијата за внатрешна ревизија на Народната банка целосно ја спроведе својата програма за работа. Беше оценето дека внатрешната ревизија ги остваруваше своите основни цели преку систематско оценување и давање препораки за подобрување на процесот на управувањето со ризиците, соодветноста и ефективноста на внатрешните контроли, давајќи уверување за ефикасната и економична употреба на ресурсите, безбедното чување и заштита на средствата, веродостојноста и интегритетот на финансиските и другите информации и усогласеноста на работењето со законските и подзаконските акти, интерните политики и процедурите за работа.
Советот го разгледа и го усвои и Извештајот за извршувањето на Програмата за работа на Народната банка на Република Македонија во 2017 година. Притоа беше констатирано дека од овој извештај може да се заклучи дека Програмата за работа е успешно остварена. Во текот на минатата година беа остварени сите планирани редовни програмски активности поврзани со остварувањето на основните стратегиски цели на Народната банка, како и голем број проектно ориентирани активности кои овозможуваат воведување промени во работењето и усогласување со новите законски барања, европските прописи и меѓународните стандарди, како и со барањата на ММФ. Советот оцени дека благодарение на добрата организација, ефикасното искористување на планираните ресурси и навременото обезбедување на сите релевантни информации, и во текот на минатата година, организациските единици на Народната банка успешно ги извршуваа програмските активности и ја следеа планираната динамика на остварување на Програмата за работа, се вели во соопштението од НБРМ
Ново на Сител
-
ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите
-
Рјабков: Русија и САД наскоро ќе се договорат за нова рунда преговори
-
ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири
-
ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина
-
МНРиНТ со осуда на изјавите на Георгиев, во Министерството повикан на разговор бугарскиот амбасадор Радуков
-
Прогласена елементарна непогода во пет градови и 11 општини во Србија поради пожари
-
Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
-
Уапсени две лица од Куманово, палеле кабли на дива депонија