Македонија
22. February 2018 - 8:53

Споменикот на Ќосето отстранет од пред Врховен суд

Споменикот на Андон Ќосето ноќеска е отстранет од пред Врховниот суд во центарот на Скопје. 

Споменикот е однесен во магацините на Металски завод Тито. Налогот за негово отстранување го издал градежниот инспекторат на општина Центар по извршениот увид и утврдената фактичка состојба дека немало решение за негово поставување. 

Ќосето споменик

Споменикот беше поставен ноќата меѓу 6 и 7 септември 2014 година како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин.

За поставувањето на споменикот од страна на работна група во Министерството за култура беа утврдени бројни законски прекршувања.