Развод на Денот на вљубените: По потврдата дека се разведува Емина ја откри и причината
По бројните шпекулации, Емина Јаховиќ денеска се огласи на Инстаграм и потврди дека се разведува.
Отвореното писмо на Емина го пренесуваме во целост:
- Драги мои, поради вашата љубов и подршка за време на целата моја кариера, чувствувам желба и потреба со вас да бидам искрена - и кога споделувам убави работи, но и кога се во прашање оние не толку убави делови од животот, низ кои за жал сите некогаш поминуваме.
Само сакам од мене да го дознаете ова - по 14 години заеднички живот и 10 години брак, Мустафа и јас донесовме одлука да се разделиме. Таа одлука не беше лесна и не беше донесена веднаш, но беше заедничка, бидејќи по долги отворени разговори заклучивме дека нашата љубов, која беше голема и искрена, со години згасна.
Иако нашите животи ги продолжуваме одвоено, на Мустафа засекогаш ќе му бидам најискрен пријател и подршка во животот, а сигурна сум дека и ќе ми биде и тој на мене. Нашата најважна мисија е да останеме добри родители на нашите синови, и во таа мисија сме обединети. Ова е прв и последен пат да се огласам по повод разведувањето, поради тоа што не сакам да читате пишувања по медиумите на оваа тема, сакам да ви кажам јас директно се.
Ве сака вашата Емина.
Ново на Сител
-
Лице од Скопје уапсено во Дебар бидејќи ја принудувал малолетната ќерка да питачи
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир при извршување на работни задачи
-
Косовскиот парламент не успеа да се конституира нитy по 45-ти пат
-
Куманово објави оглас за работно ангажирање на 30 пожарникари
-
ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола
-
29 надгробни плочи и споменици оштетени во рок од два дена на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кривична за наставничка од беровско која нападнала ученик
-
50-годишен маж пронајден со прострелни рани во Батинци, починал пред прием во болница