АППТ: Долгорочни и одржливи стратегии за развој на туризмот во Македонија
Вмрежување, интензивна соработка, инклузивност и координиран пристап од кој би произлегле сите соработки, промени, програми и градење долгорочни и одржливи стратегии за развој на туризмот во Македонија биле теми на првиот работен состанок на новиот директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски во Министерство за економија.
Тој имал средба со државниот секретар Зоран Павловски, државниот советник за туризам Шофкет Хазари, и со Бехим Хаџиу, раководител на секторот.
- Беа разгледани можностите за зајакната заедничка соработка во делот на промоцијата на туризмот при настап на самеските манифестации, активно вклучување во измените на законската регулатива за туризам, изнаоѓање нови модели за субвенционирање на странскиот туристички промет, како и формирање работни групи за проекти за искористување на европските фондови, прекугранични соработки и други донаторски фондови кои ќе овозможат дополнителни туристички содржини и зајакнување на туристичкиот сектор во Македонија, соопшти АППТ.
Агенцијата наведува дека 2017 е меѓу поуспешните години, со најголем раст на бројот на туристи и ноќевања. Заклучно со декември, забележан е рекорден раст на домашните и странските туристи во Македонија во 2017 година, 23,5 проценти повеќе во однос на 2016-та, и пораст од 22,8 отсто во бројот на ноќевања во истиот период.
АППТ информира дека во иднина ќе се залага за интензивирање на меѓусебната размена на искуства со домашните туристички чинители, чекор што, како што наведува, ќе придонесе за реализирање на програмските активности на Агенцијата во корист на индустријата, како и зголемување на конкурентноста и самоодржливоста
Ново на Сител
-
На ГП „Џепиште“ кај Дебар за шест месеци минале 22.919 патници, најголема бројка досега
-
Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побаран притвор за две лица кои нападнаа новинарска екипа
-
Андоновски - Агелер: Поддршка од САД за дигитална трансформација на Македонија
-
ЦУК: Вчера евидентирани рекордни 4.199 повици на бројот 112, најмногу за пожарна и за полиција
-
Телото пронајдено во близина на пожар во кривопаланечко предадено на обдукција
-
Приведен возач од Пробиштип, возел под дејство на алкохол
-
Полицијата во период од шест часа казни 232 возачи на мотоцикли на територија на цела држава
-
Јовева: ЕП ги признава македонскиот идентитет и јазик, тие не можат да се земат ни со лобирање, ни со гласање