Македонија
4. February 2018 - 12:37

Уличните кучиња напаѓаат граѓани: Искасани четворица скопјани

Во денешниот полициски билтен се објавени неколку пријави од граѓани кои биле искасани од улични кучиња.

На 03.02.2018 година во 12:15 часот во полициската станица Центар С.П.(63) пријавил дека истиот ден околу 11:45 часот додека се возел со велосипед по ул.“Кеј 13-ти Ноември“ бил нападнат-каснат од група кучиња во пределот на десната подколеница.

На 03.02.2018 година во 15:00 часот во ПС Центар Ѓ.И.(38) пријавил дека на 01.02.2018 година околу 11:00 часот на плоштад Македонија бил нападнат-каснат од куче скитник на задната страна од десната нога.

На 03.02.2018 година во 14,40 часот во ПС Ѓорче Петров С.М.(59) пријавила дека  на 01.02.2018 година околу 09:30 часот на ул.“Лука Геров“ била касната од куче скитник во пределот на десната подколеница.

Покрај ова истиот ден во ПС Ѓорче Петров е пријавено од страна на В.Р. (60) дека околу 10:30 часот на посочената улица “Лука Геров“ била касната од куче скитник во пределот на левата подколеница.