Меј предупреди дека по Брегзит дојденците од ЕУ нема да ги имаат сите права како сега
Британската премиерка Тереза Меј изјави дека граѓаните на земјите - членки на Европската унија кои ќе се доселат во Британија по Брегзит, може да не ги имаат истите права што ги имаат веќе доселените граѓани.
Прашањето на правата и статусот на државјаните на ЕУ во Велика Британија и обратно е едно од главните спорни прашања во преговорите меѓу Брисел и Лондон, во пресрет на британското напуштање на ЕУ во 2019 година.
По проширувањето на ЕУ кон источните европски држави Британија се соочи со наплив на имигранти од Источна Европа, и контролирањето на ова доселување беше една од темите во кампањата за напуштање на ЕУ. Унијата, пак, инсистира државјаните на нејзините членки и понатаму да имаат непречен пристап до британскиот пазар на труд и социјалните програми.
- Граѓаните кои дошле во Обединетото Кралство во времето кога ние бевме членка на ЕУ имале одредени очекувања кога направиле избор да се доселат кај нас. Има разлика меѓу луѓето кои дошле пред да излеземе од ЕУ, и тие што ќе дојдат во иднина, и кои ќе бидат свесни дека Обединетото Кралство веќе не е дел од ЕУ, изјави Меј за време на нејзината посета на Кина.
Ново на Сител
-
Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца
-
Тешка несреќа на патот Скопје-Тетово загина 19-годишна девојка и 3 лица се повредени
-
На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија
-
Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната
-
Ана Брнабиќ: Со усвојување три медиумски закони, Србија ќе добие закони целосно усогласени со оние на ЕУ
-
Утре топло со температура до 38 степени
-
Скопјанец приведен во Кавадарци поради агресивно и недолично однесување