Кумуцакос: Средбата со Нимиц не ја намали загриженоста на Нова демократија
Елиминирање на иредентизмот, име прифатено од Грците, име за севкупна употреба и промена на македонскиот Устав се точките што одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија ги споменува како неопходни за решение на името. По средбата со Нимиц, Јоргос Кумуцакос, јави дописникот на МИА од Атина, вели дека брифингот со медијаторот, за жал не ја намалил загриженоста на опозициската партија. Токму затоа, Кумуцакос, ги повтори позициите на Нова демократија.
- Решението треба да биде едно и неделиво и да предвидува: Прво, елиминирање на сите форми на иредентизам од соседната земја. Второ, име прифатено од Грците и трето усвојување на името за севкупна употреба и од сите. Очигледно е дека единствена гаранција за сѐ ова е промената на скопскиот Устав, вели Кумицакос, по средбата со медијаторот Нимиц.
Како што утрово јави МИА, активностите во Атина, специјалниот претставник на ОН во разговорите за името ги започна со средба со одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија.
Ново на Сител
-
Експресниот пат Страцин-Крива Паланка ќе биде пуштен в сабота, најави Мицкоски
-
Мицкоски очекува успешна година на економски план со раст на БДП меѓу 3,5 и 4 проценти
-
Мирна новогодишна ноќ во Струга, една сообраќајна незгода
-
Фицо предупредува на тешки последици од прекинот на транзитот на руски гас преку Украина
-
Тошковски: Граѓаните не треба да бидат казнети поради возачките дозволи
-
Таравари: Во Новата 2025-та повисоки плати, нови ваботувања и нови инвестиции во здравството
-
Јаков е првороденчето во Скопје, неколку секунди по него се роди и девојче во Чаир
-
Сончево време и утре, од задутре дожд и снег