Тешко повреден пешак во Скопје
Пешак бил тешко повреден во една од вкупно шест сообраќајки регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки со полесни повреди се здобиле четири лица, а во една била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и пет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач поминал на крстосница на црвено светло, шест возачи не дале првенство на минување на пешаци, еден возач за неправилно престројување и шест возачи за неправилно престигнување. Од сообраќај биле исклучени двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 14 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи почетници, како 14 нерегистрирани возила. Затекнати биле 98 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 97 возила.
Во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со децата од средна и голема група во градинката „Весели цветови“, објект „Синоличка“, во општина Кисела Вода
Ново на Сител
-
ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите
-
Рјабков: Русија и САД наскоро ќе се договорат за нова рунда преговори
-
ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири
-
ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина
-
МНРиНТ со осуда на изјавите на Георгиев, во Министерството повикан на разговор бугарскиот амбасадор Радуков
-
Прогласена елементарна непогода во пет градови и 11 општини во Србија поради пожари
-
Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
-
Уапсени две лица од Куманово, палеле кабли на дива депонија