Во Куманово голем интерес за проектот „Купи куќа, купи стан“
Голем број граѓани вечерва во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, присуствуваа на презентацијата на проектот „Купи куќа, купи стан“, кој го спроведува Министерството за финансии.
Преку овој проект сите граѓани кои се државјани на Република Македонија, брачни парови кои месечно имаат не повеќе од 1.300 евра приходи, немаат подигнато станбен кредит и немаат сопствен дом можат да аплицираат за добивање на субвенции за стан или изградба на куќа. Има два модела на субвенционирање и тоа 50 отсто од рата или 50 отсто учество за купување на стан или 75 отсто за изградба или доградба на куќа.
- Нема ограничување, сите кои ги исполнуваат критериумите ќе бидат субвенционирани. Не постои никаква дискриминација. максималниот износ на кредит кој може да се побара е 50.000 евра. Сите износи над 50.000 евра подлежат на субвенционирање, меѓутоа субвенцијата е иста како за кредит од 50.000 евра, изјави Кирил Симеоновски од Министерството за финансии.
Станот, кој е купен преку проектот не смее да се продава или да се издава под кирија, а рокот на отплата на кредитот е 20 години.
- Станот не може да се оттуѓува или да биде предмет на подарок, додаде Симеоновски.
Во проектот „Купи куќа, купи стан“, кој се реализира почнувајќи од 2012 година, учествуваат осум банки. Преку проектот голем број семејства од градовите низ Македонија успеале да добијат свој дом. Проектот „Купи куќа, купи стан“ досега е презентиран во повеќе градови во државата преку караванот на Министерството за финансии.
Ново на Сител
-
Определени мерки за претпазливост за шест од вкупно седум полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани
-
Избрана е новата Влада на Србија, Ѓуро Мацут - нов премиер
-
Обвинителство: Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“, издадени наредби за вештачење на над 70 мобилни телефони и 30-тина компјутери
-
Шестмина полициски службеници за кои се бараат мерки за претпазливост во врска со пожарот во Кочани изведени пред судија на претходна постапка
-
Четворица осомничени за тешки кражби од објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје
-
Манифестација „Шарено велигденско јајце“ во штипскиот Центар за култура
-
Пронајдено е исчезнатото момче од неготинско Тремник
-
Приведен 28-годишник, при претрес во неговиот дом најдена е дрога