ВМРО-ДПМНЕ: Распределбата на парите за изборите е фабрикувана лага на СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ во целост ги демантира изнесените информации дека во разговорите околу изборниот законик главен фокус на партијата била темата за распределбата на парите од изборите.
Во денешниот демант од ВМРО - ДПМНЕ се наведува дека е особено тенденциозно што пред објавувањето на таквите невистини не е побаран официјален став на партијата, што е основа на објективното новинарство и етика, што, пак, говори за смислено сценарио на опозицијата за пласирање невистини.
- Се работи за уште една фабрикувана лага, која е дел од стратегијата на СДСM за дефокусирање на вниманието од вистинските теми и прашања важни за граѓаните, како и од позициите кои СДСМ ги застапува за време на преговорите, а кои се штетни за државата. СДСМ на тој начин мисли дека колку повеќе се шират невистини, толку побрзо ќе се заборават нивните штетни предлози дадени на преговарчката маса, стои во демантот од ВМРО - ДПМНЕ.
За ВМРО-ДПМНЕ, се потенцира, многу поважни се прашањата поврзани со гласањето на дијаспората, регулирањето на работата на ДИК, обезбедувањето механизми со кои ќе се потврди објективноста и довербата на изборниот процес.
Темата со финансирањето на изборните кампањи и износот на средства кои што политичките партии можат да ги потрошат, се посочува, е тема за која што партиите постигнаа согласност уште пред една недела и тоа е затворена тема.
- Пуштањето на вакви шпекулации ние го гледаме како алатка од кујната на СДСМ се со цел да се покрие нивниот срам заради промовирањето и поддршката на штетни одлуки за Република Македонија, се подвлекува во демантот од ВМРО - ДПМНЕ во однос на објавените информации од страна на одредени опозициски медиуми за изборниот законик.
Ново на Сител
-
ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите
-
Рјабков: Русија и САД наскоро ќе се договорат за нова рунда преговори
-
ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири
-
ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина
-
МНРиНТ со осуда на изјавите на Георгиев, во Министерството повикан на разговор бугарскиот амбасадор Радуков
-
Прогласена елементарна непогода во пет градови и 11 општини во Србија поради пожари
-
Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
-
Уапсени две лица од Куманово, палеле кабли на дива депонија