Град Скопје изрече четири казни за палење отпад
Екипи на Град Скопје во текот на изминатиот месец излегле на терен, извршиле контрола и изрекле четири казни за палење отпад, од кои две се изречени на физички, а две на правни лица.
Градските власти информираат дека во рамки на мерката за справување со загадувањето на воздухот, каде граѓаните можеа да пријават огнови кои горат на отворено на бесплатната телефонска линија 193, превентивно дејствуваат со изрекување опомени за палење на отворено.
- Инспекторите на Град Скопје во моментов се излезени на терен и вршат вонредни и зачестени контроли, а последниот извештај вели дека засега нема казнети бидејќи не констатирале отстапување од пропишаните услови, се вели во соопштението.
Инспекциските служби на Град Скопје во текот на 2016 година извршиле по две контроли на сите 29 инсталации регистрирани во Скопје, односно вкупно 58 контроли во ноември и декември. По извршените контроли се констатирани неправилности кај една фирма, на која и е изречена казна.
Во текот на 2017 година во истиот временски период (ноември-декември) надлежните инспекциски служби на Град Скопје исто така, извршиле по две контроли на сите 31 инсталации во Скопје, односно вкупно 62 контроли и констатирале дека сите фирми ги задоволуваат законски пропишаните услови.
Град Скопје во текот на 2017 година има одобрено 500 елаборати и извршено 94 контроли за периодот ноември-декември, односно се извршени контроли на сите фирми кои имаат емисии во воздухот при производниот процес и не се евидентирани неправилности при нивното работење.
Надлежност на Град Скопје е да врши проверки што се гори и да санкционира физички и правни лица доколку горат недозволени суровини и отпад.
Ново на Сител
-
Два аеродрома во Москва затворени по украински напад со дронови
-
Штипјанец лишен од слобода, возел под дејство на алкохол
-
Од утре пад на температурите за три до пет степени со услови за пороен дожд и грмежи
-
Сиљановска-Давкова ќе учествува на третата Конференција на ОН за океанот во Ница
-
Препораки на ИЈЗ за заштита од високите температури
-
Еурофарм Пелистер го победи Вардар и ја одбрани шампионската титула
-
Се одложува отворањето на новите реновирани Управни служби на МВР во зградата на МТВ
-
На граничните премини нема подолги задржувања