-->
-->
Ниски температури и снег - УХМР со детална прогноза за наредните денови
-->
Снежна покривка до изутрина (во см.): 2 Лазарополе, Маврово.
Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м 2): 4 Охрид, 2 Маврово, Лазарополе.
Времето денес (03.01 2018 год.): Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува. Кон крајот на денот ветерот ќе ослаби, а облачноста ќе се зголеми. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени. Во Скопје температура до 10 °C.
Ноќеска од запад ќе се прошират врнежи кои ќе бидат претежно од снег и кои ќе бидат пообилни на југозапад, Во котлините долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на југоисток само од дожд. Повеќе врнежи ќе има во вториот дел од ноќта, кога врнежите од снег повремено ќе засилуваат. Во западните делови ќе се формира снежна покривка, помала по котлините, а на планините ќе достигне околу 10 cm. Врнежите до пладне ќе престанат. Утре ќе дува умерен до повремено засилен северозападен ветер. Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво, по котлините и по речните долини со појава на магла и ниска облачност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управниот суд одржува јавна расправа за тужбата на Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце
-
Гир: Подготвени сме да работиме со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес
-
Писториус ја поздрави обуката на украински војници на системи Патриот
-
Поротата почна со разгледување на судењето против Трамп за кривично дело поткуп на актерка во филмови за возрасни
-
Приведен прилепчанец за шверц на 45 шишиња метадон
-
Средба на лидерите од СДСМ
-
24-годишник избоден во ресторан во Дебар
-
Битолчанец измамил 76-годишна жена за 398.000 денари