Средба на Заев со амбасадорите од Дипломатскиот клуб
Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со делегација на Дипломатскиот клуб, на која ги информирал дипломатите за актуелни прашања во однос на надворешната политика на земјата, насочени кон остварување на стратешките интереси во однос на Европската унија, членството во НАТО, соседската политика, како и во однос на релациите со САД и другите земји од глобалната политичка сцена.
Посебно внимание на средбата, како што информираат од Кабинетот на Заев, било посветено на можностите за новиот позитивен развој во унапредувањето на европските и евро-атлантските интеграции на земјата, со посебен акцент на односите со Грција и нејзиниот проблем со нашето уставно име.
Претставниците на Дипломатскиот Клуб се заблагодариле за можноста да бидат информирани непосредно за активностите на владата во однос на ова прашање, како и за укажаната прилика да ги изнесат своите погледи, со оглед на фактот што искусните дипломати од ова неформално тело беа игнорирани од претходниот владин состав.
Премиерот Заев, се вели во соопштението, нагласил дека во период кога Република Македонија треба да донесе важни одлуки за овие наши стратешки интереси, секоја добра идеја и искуство што можат да помогнат се добредојдени.
Ново на Сител
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска
-
Деветмесечно бебе донесено во неконтактибилна состојба, починало во болница во Охрид
-
ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав
-
Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер