Драма во Охрид - свекрвата ја нападнала снаата, а сопругот ја плукал и фрлал пикавци врз неа
На 01.01.2018 година во 17:10 часот 40-годишната Р.К.од Скопје пријавила дека истиот ден околу 13 часот по претходна расправија со нејзиниот сопруг била нападната од свекрвата.
Имено, кога Р.Т. по расправијата со сопругот отишла во семејниот дом, за да ги земе нејзините лични работи, бидејќи донела одлука да не живее повеќе со него, на врата била пречекана од страна на нејзината свекрва која не и дозволила да влезе. Оштетената која била придружувана од нејзината сестра и татко, во моментот кога сакала да влезе во куќата, била спречена од свекрвата која застанала пред неа туркајќи ја и притоа упатувајќи и погрдни зборови кон неа и нејзините придружници. Во еден момент свекрвата ја турнала оштетената, а истата во обид да се задржи да не падне по скали, се задржала за раката на свекрвата, при што во мешаницата свекрвата ја изгребала раката од металната врата. За цело време нејзиниот сопруг од зад неговата мајка и упатувал вербални навреди и закани. Исто така, Р.Т. и фрлил на глава опушок од цигара, ја плукал нејзе и нејзините лични работи ги вадел и ги фрлал од тераса. Од случувањата Р.К. се чуствувала исплашена и вознемирена за својата безбедност, како и за безбедноста на нејзините блиски и побарала лекарска помош во градската општа болница Св.Наум Охридски.
Од МВР информираат дека ги преземаат сите потребни мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Косовскиот парламент не успеа да се конституира ниту по 45-ти пат
-
Куманово објави оглас за работно ангажирање на 30 пожарникари
-
ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола
-
29 надгробни плочи и споменици оштетени во рок од два дена на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кривична за наставничка од беровско која нападнала ученик
-
50-годишен маж пронајден со прострелни рани во Батинци, починал пред прием во болница
-
Лишен од слобода крадец во Куманово
-
Мицкоски: Нашата цел е да ја направиме Македонија земја на можности каде трудот се исплатува