Стартува новиот распоред на судиите во Кривичниот суд
Судиите во Кривичниот суд од денеска ќе работат по новиот распоред што го изготви претседател Иван Џолев.
Со распоредот направени се драстични измени, и поголем дел од предметите на Специјалното јавно обвинителство одат кај нови судии.
Во Одделението за организиран криминал од денеска се судиите Огнен Ставрев, Добрила Кацарска, Владимир Туфегиќ, Џенета Бектовиќ, Горан Бошевски, Васка Николовска Масевска, Дарко Тодоровски, Осман Шабани и Софче Гаврилова Ефремова.
Судии на претходна постапка во Одделението за организиран криминал се Сеат Рецепагиќ, Весна Димишкова и Ненад Савески.
Кривичните совети ќе ги водат судиите Илија Трпков и Гордана Спиревска, а членови се Даниела Алексовска, Александра Ристеска, Марија Клетничка-Марковска и Славица Наумова - Јосифовска.
На листата на судии кои ќе судат во Одделот за Кривично-полнолетни се судиите Софија Лаличиќ, Ленка Давиткова, Елена Илиевска-Јосифовиќ, Лидија Зимбовска, Љубинка Башеска, Славица Андреевска, Душан Јосифов, Илија Трпков, Ѓоко Ристов...
Со новиот распоред на претходна постапка се распоредени Сандра Крстиќ, Даниела Димовска и Васил Динковски, а на извршување на санкции се Пајазит Пајазити и Александар Милошевски.
Сообраќајни прекршоци ќе судат Татјана Михајловска, Владимир Панчевски, Марјан Грубиша, Весна Тагасовска, Хамдирефет Бафтијари, Сулејман Мемети и Верка Петковска.
Предмети кои се однесуваат за нарушувања на јавен ред и мир пак ќе судат судиите Насер Хаџиахметагиќ, Весна Костова Спасеска и Моника Бахчованска, додека Јане Тапанџиовски, Весна Миткова и Лидија Петровска ќе судат прекршоци од стопанството.
Судиите Ивица Стефановски и Лирие Елези Ајрулау со новиот распоред се во Кривично-малолетниот оддел.
Судиите кои не се задоволни од новиот распоред имаат право на жалба до Врховниот суд на Република Македонија.
Пред Нова година и претседателот на Основниот суд Скопје 2, Илир Сулејмани направи нов распоред, во кој нема поголеми промени како во Кривичниот суд.
Ново на Сител
-
БиХ: Дете пронајдено живо под плоча тешка два тона
-
Тепачка во дискотека во Штип - Осум луѓе побарале здравствена помош
-
Крушево: Жена возејќи „ауди“ удри во паркирано возило
-
Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор
-
Кавадарчанка пријавила напад врз малолетниот син во угостителски објект со стаклени и други предмети
-
Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети
-
Петнаесетгодишно момче избодено 50 пати со нож и живо запалено во Марсеј
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен – Охрид, кај планинскиот премин Буково