НБРМ издаде ковани пари за колекционерски цели
Народната банка на Република Македонија пушти во оптек ковани пари за колекционерски цели „Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“, „Тркало на среќата“, „Јарец“ и „Водолија“ од серијата „Хороскопски знаци“.
Кованата пара „Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“ на аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани слики на св. Вера (со крст), св. Надеж (со сидро) и св. Љубов (со деца) во златна боја. Под трите светици е прикажана слика на црквата Св. Трофим (Есшо, Алзас, Франција), каде што се чуваат моштите на св. Софија. Во горниот дел од монетата е прикажан грбот на Република Македонија и натписите „100 денари“ и „2017“. Во долниот дел од монетата е прикажан натписот „Република Македонија“ на македонски јазик, како и ознаката („Аg 925“) и тежината на монетата („31.1g“).
На реверсот на монетата е претставена дигитално печатена слика на трите светици св. Вера, св. Надеж и св. Љубов, претставени како млади девојки. Зад трите светици е прикажана слика од нивната мајка, св. Софија. Имињата на сите светици се исковани на руски јазик, а по должината на работ на монетата е претставен украс.
Овaa кованa парa е изработенa од сребро Ag 925, со тежина на среброто од 31,1 г., чистота на среброто од 28,77 г. и во форма на правоаголник со димензии 30 х 45 мм.
Цената на кованaтa парa „Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“ изнесува 3.800,00 денари.
Кованата пара „Тркало на среќата“ на аверсот, во средината на монетата е претставен грбот на Република Македонија. Околу монетата се претставени натписите „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ и „10 ДЕНАРИ“ на македонски јазик. Исто така, претставенa е тежината на монетата „11,80g“, годината на издавање „2018“ и ознаката „Ag 999,9“.
Реверсот на монетата има облик на старо колско тркало. Во средината е претставена копија од реверсот на златната римска монета ауреус со божицата Фортуна Августа со натписите „ФОРТУНА“ и „АВГУСТА“. Околу монетата е претставен натписот: „ТРКАЛО НА СРЕЌАТА“ на англиски и на руски јазик.
Кованата пара е изработена од сребро Ag 999,9, со тежина на среброто од 11,80 г, чистота на среброто од 11,80 г и во кружна форма со димензија 35,00 мм.
Цената на кованата пара „Тркало на среќата“ изнесува 2.400,00 денари.
Кованата пара „Јарец” од серијата „Хороскопски знаци“ на аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото, и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Јарец. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот систем. Во позадината е прикажан дел од картата на небото. Во долниот дел од аверсот е прикажан грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата - „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик „Република Македонија“ и „100 денари“.
На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на ѕвездениот атлас Firmamentum Sobiescianum, создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век, со слика на соѕвездието Јарец на вметнато кобалтно стакленце и симболот на хороскопскиот знак Јарец во горниот дел од монетата. Во долниот дел е претставена слика на козорог наречен и дивокоза на позадина на цртеж на кој е претставен Сончевиот систем. На левата страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак - CAPRICORNUS, а на десната страна ознаката „Ag925“.
Овaa кованa парa е изработена од сребро Ag 925, со тежина на среброто од 23,30 г, чистота на среброто од 19,43 г, во квадратна форма со димензии 37 х 37 мм, полирани со позлата и вметнато кобалтно стакленце со димензии 18,4 х 6,1 мм.
Цената на кованaтa парa „Јарец“ изнесува 2.800,00 денари.
Кованата пара „Водолија” од серијата „Хороскопски знаци“ на аверсот, во централниот дел на монетата, се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Водолија. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот систем. Во позадината е прикажан дел од картата на небото. Во долниот дел од аверсот е прикажан грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик „Република Македонија“ и „100 денари“.
На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“, создадена од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век, со слика на соѕвездието Водолија на вметнато кобалтно стакленце, и симболот на хороскопскиот знак Водолија во горниот дел од монетата. Во долниот дел е претставена слика на девојка со стомна којашто ја претставува Водолијата, со цветен венец на главата, на позадина на цртеж на кој е претставен Сончевиот систем. На десната страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – AQUARIUS, а на левата страна е прикажана ознаката „Ag925“.
Овaa кованa парa е изработена од сребро Ag 925, со тежина на среброто од 23,30 г, чистота на среброто од 19,43 г, во квадратна форма со димензии 37 х 37 мм, полирани со позлата и вметнато кобалтно стакленце со димензии 18,4 х 6,1 мм.
Цената на кованaтa парa „Водолија“ изнесува 2.800,00 денари.
Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Трето одложување на повтореното судење за пожарот модуларната болница во Тетово
-
Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајка кај село Рибарци
-
Седлоски нов тренер на Вардар
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Тројцата повредени во Нови Сад се уште се во тешка состојба, денеска протест поради трагедијата
-
Вучиќ предлага референдум: Нема да останам претседател ако ја немам поддршката од народот
-
Харис ќе го поддржи Западен Балкан во интеграциите, Трамп вети засилена безбедност во регионот
-
Ахмети: Ако изгубам на избори, ќе се повлечам од политиката