Кошарка
19. December 2017 - 17:44

Кочов ново засилување во стручниот штаб на МЗТ Скопје

 
 
 Доскорешниот селектор на репрезентацијата на Македонија за кошаркари до 18 години, Ѓорѓи Кочов, од денеска е нов помошник  тренер во стручниот штаб на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром.
 
Еден од најталентираните стручњаци кај нас потпиша двеипол годишен договор со шесткратниот првак и во иднина ќе работи како прв асистент на предводникот од клупата, Жарко Лукајиќ. 
 
Кочов доаѓа од таборот на Вардар, каде што одработи еднаипол сезона како предводник на овој тим, мани во Првата, а сезонава и во Втората лига. 
 
Претходно, освои куп златни медали со јуниорскиот и младинскиот состав на Вардар, поради што во 2016 година беше прогласен за најдобар тренер во Македонија во младинска конкуренција.
 
Новиот помошник на Лукајиќ зад себе има и солидна играчка кариера и тоа настапувајќи за матичниот Работнички како и за Вардар 2000, МЗТ Скопје Аеродром и за Вардар Апаве каде што се пензионира на крајот од сезоната 2015/2016.