Живот без пречки, тоалет за секого!-Иницијатива за изградба на тоалети за хендикепирани лица
Хуманитарен настан под мотото „Живот без пречки, тоалет за секого“, ќе се одржи вечерва во Скопје, а има за цел да го актуелизира и да покрене иницијатива за решавање на секојдневниот проблем со кој се соочуваат хендикепираните лица поради немање оспособени тоалети во угостителските објекти, културните установи, институции...
- Лицата во инвалидска количка не може да се социјализираат и да излегуваат во угостителски објекти, а немаат ни оспособени тоалети по голем број институции, како и концертни сали и места на одржување на концерти и фестивали. Ова за нив преставува голема пречка во секојдневниот живот, иако во сите европски држави по пропис во секој локал и институција постои ваков тоалет, велат организторите.
Со организирање на овој настан, посочуваат, треба да се подигне свеста за проблемот и да се поттикнат што повеќе институции и угостителски објекти да изградат вакви тоалети. Средствата, велат оттаму, се минимални, а исходот е максимален.
Настанот ќе се одржи во ресторанот „Александрија“ кој е прв хорека објект во Македонија приспособен за лицата со попреченост-внимателно поставена рампа за влез, универзална архитектура и поставеност на влезна врата, како и специјално оспособен тоалет. За слепите лица пак, ќе бидат изработени и менија на Браево писмо.
Ново на Сител
-
Во Берово најстудено, температура под нулата
-
Струмичани ќе добиваат вода за пиење од апарати и канистри поставени низ градот
-
Собранието ќе ја започне 16. седница
-
Седница на Уставен суд
-
Првите 100 дена на новата Влада за власта успешни, опозицијата со серија критики
-
Папата Франциск побара прошка за сексуалната злоупотреба и третманот на жените во Црквата
-
Две експлозии во Копенхаген
-
Итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на Блискиот Исток