Експлозија во Њујорк обид за терористички напад, нема повредени освен бомбашот
Експлозија одекна утрово во Њујорк, на една од главните сообраќајници во централниот дел на Менхетн. Според претставник на њујоршката полиција, се работи за обид да се детонира бомба во кој бил повреден само бомбашот.
Според телевизијата Си-Би-Ес, напаѓачот носел две експлозивни направи, едната од кои била прицврстена на неговото тело. Едната од бомбите експлодирала додека бомбашот ја носел, нанесувајќи му повреди поради кои бил хоспитализиран. Очевидци тврдат дека станува збор за маж на возраст од 20-ина години.
Исклучително прометните метро станици Тајмс Сквер и Порт Ауторити се евакуирани од страна на полицијата додека возовите не застануваат на овие станици.
Инцидентот се случил во 7:30 часот по локално време, во екот на утринскиот сообраќаен метеж. Двете метро станици се поврзани со подземен пешачки тунел, и очевидци велат дека патниците сами почнале да бегаат штом ја слушнале силната експлозија. Стотици луѓе на социјалните мрежи јавија дека се случило вистинско стампедо по експлозијата, додека патниците брзале што поскоро да го напуштат подземниот тунел и метро станиците.
Претседателот Доналд Трамп и градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио примиле безбедносен брифинг со досега познатите информации за инцидентот.
Ново на Сител
-
ЦУК: Локализиран пожарот кај село Урвич во Општина Боговиње
-
Земјотрес со јачина од четири степени ја погоди Албанија
-
Куба се приклучи на БРИКС како земја партнер
-
Министерот Ристовски се сретна со претседателот на Светската атлетска асоцијација Себастијан Коу
-
Десет нови случаи на голема кашлица, хоспитализирани три лица
-
Урсула фон дер Лајен во Белград: Партнерството меѓу Србија и ЕУ станува се посилно
-
Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС
-
Во Пехчево секој понеделник ќе работи канцеларија за издавање лични документи на граѓаните