Тенис
11. October 2015 - 11:19

Ѓоковиќ против Надал финалето во Пекинг

Првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ (Србија) се пласира во финалето на АТП турнирот во Пекинг, откако во втората полуфинална пресметка го совлада Давид Ферер (Шпанија) со 2-0 во сетови.
 
Во првиот сет Ѓоковиќ на противникот му препушти само два гема (6:2), а во вториот еден повеќе (6:3).
 
Во обидот да ја освои својата шеста титула во главниот кинески град,
 
Ѓоковиќ во финалето за противник ќе го има лутиот ривал Шпанецот Рафаел Надал.
 
Шпанскиот тенисер во првото полуфинале беше подобар од Фабио Фоњини (Италија) со 2:0 во сетови.
 
Досегашниот биланс на меѓусебните мечеви Надал – Ѓоковиќ е 23:21 за Шпанецот.