-->
-->
Симовски: Заморот ги натера ракометарките на технички грешки
-->
Женската ракометна селекција го претрпеа и вториот пораз во квалификациите за ЕП 2016 година. Селекторот Симе Симовски за настапот на подмалдената селекција (просек 20,5 години) изјави:
- Хрватска беше фаворит и затоа честитки за нивниот триумф. Знаевме против каков тим играме, а за нашиот времето допрва доаѓа. Имам верба во овие девојки без разлика на резултатот. Заморот во вториот дел ги натера ракометарките повеќе да грешат. Со Црна Гора одиграме подобро, а на следниот собир очекувам девојките да бидат подобри.
Јованка Саздовска (постигна 4 голови) за дуелот со Хрватска истакна:
- На нас ни фали искуство. Во натпреварот влеговме со многу жар и желба за добра игра. Но противникот имаше повеќе искуство на терен и затоа заслужено стигна до победата.
Во таборот на Хрватска задоволни од триумфот втор во квалификациите.
- Освоивме два бода, тоа е најважно. По нешто послабиот прв дел во второто полувреме покажавме повеќе агресивност во одбраната и тоа ни донесе разноврсност и победа, изјави Жана Мариќ која постиган 4 голови.
Селекторот на Хрватска Горан Мрџен изјави:
- Објективно ние бевме фаворити, но нервозно го почнавме натпреварот. Одбраната пред се во вториот дел ни ја донесе победата. Задоволен сум дека на првиот дуел кој го добивме со Словенија се потрошивме психички, но добро е што имаме две победи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Јадар во Србија меѓу 13 стратешки проекти на ЕУ со критични минерали
-
Трамп разговарал со Путин - не бил разговор што „ќе доведе до моментален мир“
-
Захарова: Западот е соучесник во украинските напади врз цивилни цели во Русија
-
Новите кадровски решенија на Владата на дневен ред на собраниска седница во понеделник
-
Побаран вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци
-
Париз домаќин на преговорите за трговија меѓу САД и ЕУ
-
Министерот Мисајловски во Брисел на состанок на министри за одбрана на НАТО
-
Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники бараат испитување на лекарска грешка