Во експлозиите во Анкара најмалку 30 мртви
Најмалку 30 лица загинаа и 126 се повредени во денешните експлозии во Анкара, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.
„Според податоците со кои располагаме засега, 30 лица загинале, а 126 наши граѓани се повредени. Ранетите се одведени на лекување во различни болници во градот“, се наведува во соопштението од Министерството, цитирано од ТАСС.
Претставници на турската Влада експлозиите ги оценија како терористички акт, јави ДПА.
Истражен тим смета дека за експлозиите, кои се случија утрово околу 10 часот во центарот на Анкара, одговорен е бомбаш-самоубиец.
Од Владата на Република Турција соопштеное е дека премиерот Ахмет Давутоглу закажал вонреден состанок, кој почнал во 12 часот по локално време, јавува Анадолија. На состанокот присуствуваат претставници од министерството за правда и внатрешни работи, шефот на турската полиција, шефот на разузнавачката служба и гувернерот на Анкара Мехмет Киличлар.
Во меѓувреме, генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд го осуди нападот кој се случи утрово во Анкара, пред планираниот мировен марш, во знак на протест против судирите меѓу државата и курдските милитанти.
- Утринските вести од Анкара се шокирачки и вознемирувачки. Тоа што се случи е суров и варварски напад на мирните демонстранти. Сакам да изразам сочуство за сите кои изгубиле пријатели и сакани во нападот. Слободата на собирање и слободата на изразување се основните столбови на дмеократијата, истакна Јагланд.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228