Одложено гласањето по израелскиот закон за „заштита на Нетанјаху“
Расправата во израелскиот Парламент за контроверзниот закон, кој според критичарите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху има за цел да го заштити од истрагите за корупција, беше одложено по насилните протести во текот на викендот.
Конечното гласање по законот првично беше договорено за денеска, но беше одложено поради масовниот протест во Тел Авив во саботата и по синоќешното барање на Нетанјаху нацртот да биде преработен.
Предложениот закон има за цел да ја блокира израелската полиција да објавува наоди и да дава препораки до обвинителството за обвиненија поврзани со јавните службеници.
Критичарите велат дека со промените, информациите за кривичните истраги за премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе се држат настрана од јавноста.
Нетанјаху преку „Фејсбук“ соопшти дека побарал законот да не се применува на истраги против него, со цел да се спречи „политичка пропаганда".
Предлагачот на законот Давид Амсалем од партијата Ликуд на Нетанјаху, тврди дека тој има за цел да ги заштити „десетиците илјади граѓани, чиј живот бил директно уништен како резултат на објавување на информациите“.
Премиерот е осомничен за вмешаност во две истраги за корупција и злоупотреба на службената должност, вклучувајќи ги и тврдењата дека добил подароци од холивудскиот магнат од Израел, Арнон Милчан и австралискиот милијардер Џејмс Пакер.
Нетанјаху децидно ги отфрли обвинувањата дека го прекршил законот и тврди дека „ловот на вештерки“ е организиран од страна на медиумите против него, со цел да ја урнат неговата влада.
Ново на Сител
-
Ристески: Нефер трговските практики ќе се казнуваат со 20 000 евра
-
Прегазен пешак во Скопје, сторителот избегал
-
Пиротехника пронајдена кај двајца малолетни Шпанци на скопскиот аеродром
-
Трамп ја нарече судската одлука за изрекување пресуда против него „незаконски политички напад“
-
Политичката криза во Јужна Кореја се продлабочува по обидот за апсење на сменетиот претседател Јун Сук-јеол
-
Руски авион принудно слета во Египет поради дефект на моторот
-
Сообраќајот во зимски услови, укинати забраните за тешки товарни возила
-
Од овој месец печатените електронски документи ќе се признаваат како оргинални