Ракомет
4. December 2017 - 9:06

Штербик одново во ТОП 5

Голманот на Вардар, Арпад Штербик повторно се најде во изборот на петте најдобри одбрани во Лигата на шампионите. 

 
Штербик го предводеше европскиот првак во убедливата победа над Кристијанштад 31-15 во последниот меч од календарската година во елитното натпревраување. 
 
Тој приреди вистинско шоу во СЦ „Јане Сандански“, мечот го заврши со 17 одбрани. 
 
Една од неговите одбрани се најде на четвртото место на топ пет листата за десетото коло. 
 
 
Најдобрите пет одбрани можете да ги видите на овој ЛИНК.