Можно излевање на Радика, Црн Дрим, Сатеска и Вардар
Врнежите во последните 24 часа ги зголемија нивото на сите водотеци во Македонија, а особено на реките во западниот дел на земјата.
Според податоците на УХМР, најголеми промени на водостојот има на реките Радика кај Бошков Мост, Сатеска кај Ботун и на Вардар кај Јегуновце, а продолжувањето на врнежите може да доведе до излевање на Радика, Црн Дрим, Сатеска и Вардар.
Се очекува да продолжи зголемувањето на нивото на сите водотеци со оглед на најавите од синооптичарите дека врнежите ќе продолжат, а ќе бидат најобилни во југозападните и источните делови на земјава каде се очекуваат над 60 литри на метар квадратен.
Најголеми покачувања на водостоите ќе има во западните и југозападните делови од државата, а во текот на наредните 24 часа и на останатиот дел од државата.
Поради можните излевања од УХМР предупредуваат на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците.
Во изминатите 24 часа на територијата на Република Македонија паднаа нови врнежи од дожд. На мерните места се забележани внрежи од 1 литар на метар квадратен во Битола, Штип и Берово, пет во Крива Паланка, шест во Скопје-Петровец, седум во Прилеп, 10 во Тополчани и Крушево, 12 во Претор, 19 во Куманово, 35 Скопје-З.Рид, 44 во Охрид, 71 во Дебар, 75 во Лазарополе, 84 во Тетово и 130 во Маврово
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање