-->
-->
Вардар прв до стотка во СЕХА
-->
Екипата на Вардар е првата која стигна до 100 победи во регионалната ракометна Сеха лига. „Црвено-црните" јубилејниот 100. триумф го остварија вчеравечер во Нашице против Нексе.
За вардарци тоа беше 132 одигран натпревар во СЕХА лигата.
Сезонава Вардар има осум победи, или 14 по ред вклучувајќи ја завршницата од минатата сезона.
На досегашните 132 натпревари во СЕХА, Вардар има постигнато 3.963 гола, а примено 3.379, со просек од 30 постигнати голови по натпревар.
Македонскиот првак е еден од четирите тима во СЕХА лигата што играат од самото основање на лигата од сезоната 2011/2012. Вардар е еден од двата тима што играл на сите досегашни Ф4 турнири. Од тоа петпати играл во финале, и трипати победил, рекорд што досега ниту една друга екипа го нема постигнато.
До крајот на годината Вардар ќе одигра уште три натпревари во СЕХА Газпром лигата. На 5 декември со Војводина, на 9 декември против Металург, а на 13 декември гостуваме во Словенија кај Горење.
Актуелниот македонски, европски и регионален шампион во моментов има серија од 18 натпревари без пораз од кои осум се во СЕХА Газпром лигата, девет во ЕХФ лигата на шампионите и еден меч во домашниот Супер Куп
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион