-->
-->
Сакале кубик дрва по 2.000 денари, внимавајте, еве како скопјани останаа и без пари и без дрва
-->

Вчера во 16,40 часот П.В.(76) пријавила дека истиот ден околу 15,30 часот од страна на непознато лице била измамена при што и биле одземени 6.000 денари. Имено, откако непознатото лице дошло во нејзиниот дом на ул.“Франц Лист“, тој на неа и на нејзиниот сопруг им понудил набавка на огревни дрва по цена од 2.000 денари, по што се договориле сторителот заедно со нејзиниот сопруг да одат на ул.“Благоја Стевковски“ на плац за да ги видат дрвата.
По извесно време лицето се вратило само, без нејзиниот сопруг, и и рекло на оштетената дека се договориле нејзиниот сопруг, кој наводно бил на плацот да ги купи и донесе дрвата, а таа на него да му даде 6.000 денари.
Откако П.В. му ги дала парите, лицето си заминало, а по кратко време се вратил и нејзиниот сопруг кој и појаснил дека бил оставен да чека во близина на Кино Маџари и воопшто не бил однесен на плац за дрва, ниту пак биле донесени наведените дрва во нивниот двор.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скопјанец силувал 15-годишен штитеник од установа за згрижување деца
-
„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час
-
Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал
-
Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје
-
Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат