Турција инсистира САД да го екстрадираат Фетула Ѓулен
Турскиот министер за правда Абдулхамит Ѓул изјави дека Турција дсоега испратила седум барања до САД за екстрадиција на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека организатор на ланскиот обид за државен удар во земјата.
Според Ѓул, САД досега не постапиле по ниту едно од овие барања, со што практично „кријат криминалец од правдата“.
- Продолжуваме да очекуваме и да бараме од САД да не го кријат водачот на терористите и да го предадат пред независен и непристрасен суд. Право на турскиот народ врз основа на меѓународните договори е да го очекува тоа, изјави Ѓул.
Ѓулен со децении живее во САД и управува со својата глобална мрежа компании и образовни институции од својот имот во Пенсилванија. Турција го обвинува дека преку своите приврзаници во армијата и безбедносните служби го организирал обидот за државен удар на 15 јули 2016 година, кога стотици лица беа убиени, а над 2.000 ранети.
Ново на Сител
-
Германски генерал: Украина оштети 10 отсто од руските стратешки бомбардери
-
„Куќи на ужасот“ – евакуирани 75 стари лица од нелегални домови во Бугарија
-
Македонија загуби од Финска на отворањето на Златната лига 2025
-
Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца
-
Тешка несреќа на патот Скопје-Тетово загина 19-годишна девојка и 3 лица се повредени
-
На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија
-
Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната