Честитка од претседателот Иванов по повод Денот на албанската азбука
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на 22 Ноември - Денот на aлбанската азбука, упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија. Со неговото одбележување, посочува Иванов, ние ги потврдуваме нашите заложби за градење на заедничка, подобра и посветла иднина.
- Денешниот ден, 22 Ноември, е поврзан со Битолскиот конгрес одржан далечната 1908 година на кој Албанци - интелектуалци од Балканот ја унифицирале албанската азбука. Создавањето на азбуката е еден од основните културни дострели и белег на националното идентификување на еден народ. Албанскиот јазик е составен дел од културното богатство во Република Македонија. Со неговото одбележување ние ги потврдуваме нашите заложби за градење на заедничка, подобра и посветла иднина, вели Иванов во честитката.
Меѓусебното почитување на разликите, додава претседателот, треба да биде поттик за меѓусебно зближување, а не за разединување во македонското мултиетничко општество.
- Како граѓани на нашата заедничка држава ние треба да се држиме заедно и да бидеме пример како заеднички се работи за доброто на Република Македонија, бидејќи само сплотени околу државните интереси ќе успееме да се справиме со предизвиците, вели македонскиот претседател.
Честитајќи им го Денот на азбуката на припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија, тој порачува дека само со негување и со вреднување на нашите културни и јазични различности ќе успееме да изградиме просперитетна иднина, иднина за сите граѓани во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Пожарот во викендицата на Пандов бил нарачан
-
Клековски би прифатил да биде министер за здравство, но со соодветна замена во ФЗО
-
Ивановски: Имаме желба за изградба на пругата кон Бугарија, но нема соодветен одговор од другата страна
-
Поскапуваат горивата
-
Пожар во угостителски објект во Лисиче, сопственикот пренесен во болница
-
Ограбена аптека на Бит Пазар, крадецот се заканувал со нож кон вработената
-
Ивановски: Чест е да се игра пред домашна публика
-
Кремљ: Путин и Трамп телефонски ќе разговараат во 17 часот по московско време