-->
-->
Дебитантска победа на Димитров во Лондон
-->
Бугарскиот тенисер Григор Димитров е победник на завршниот Мастерс турнир во Лондон откако во финалето по голема борба славеше со 2-1 против Давид Гофан, тенисерот кој успеа да ги елиминира Надал и Федерер но не и да го освои АТП турнирот.
За популарниот Гриша ова е најуспешна сезона во кариерата во која за првпат учествуваше на завршниот мастерс и успеа да триумфира.
Димитров стартуваше добро на мечот и го доби првиот сет со 7:5, а одговори Белгиецот Гофан со 6:4 во вториот сет, со што најави решавачки сет во кој и двајцата тенисери го бркаа најголемиот успех во кариерата. Поуспешен беше Димитров кој направи брејк во шестиот гејм и на крајот го доби сетот со 6:3 за голема победа над тенисерот кој во полуфиналето го сопре Рожер Федерер.
Димитров со оваа победа на најдобар можен начин ја затвори сезоната која ја финишираше на третото место на АТП ранкингот, или веднаш зад Надал и Федерер, а стана и првиот тенисер по Кореча во 1998 година кој победил на овој турнир на својот дебитантски настап.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филипче официјално избран за претседател на СДСМ на внатрепартиски избори
-
Вучиќ: Мандатар за состав на нова влада е Ѓуро Мацут
-
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на Струга – Ќафасан
-
Задолжителна употреба на зимска опрема на патот Тетово – Попова Шапка
-
Таравари: Раководство на партијата ќе се обиде да најде заеднички јазик со коалицијата „Вреди“ за локалните избори
-
„Сите имаме повредени или загинати роднини и пријатели, револтирани сме од овој гнил систем“, истакнаа организаторите на протестниот марш во Кочани
-
Царините на Трамп предизвикаа „хаос“, повеќе од 50 земји бараат преговори со Белата куќа
-
Лидерот на најголемата опозициска партија во Турција побара предвремени избори