Македонија
12. November 2017 - 21:02

Голема трагедија во Македонија - загина 24 - годишно момче

 

Попладнево околу 17:30 часот се случи тешка сообраќајна несреќа во Прилеп, поточно на излезот од градот кај Авто Мото Сојузот.

Како што јави локалниот портал на Шеталиште, во тешката несреќа загинал 24 – годишниот прилепчанец И.В. со патничко моторно возило „Хонда Цивик“ со прилепски регистарски таблички. Тој удрил во дворот, односно во автомобил џип „Ренулат – Дастер“ со скопски регистарски таблички.

Полиција е на местото на несреќата и врши увид.