Вајгл доби начелна согласност од сите за дијалогот „Жан Моне“
Има начелна согласност од сите политички партии застапени во Собранието за прифаќање на дијалогот „Жан Моне“, изјави известувачот на ЕП за Македонија Иво Вајгл по дводневните разговори со координаторите на пратеничкитре групи во македонскиот законодавен дом.
- Јасно е дека преовладува дух на соработка и желба да се работи во интерес на земјата. Постои волја кај сите политички партии да ги стават интересите на земјата на прво место, рече Вајгл на зедничката прес-конференција со претседателот на Собранието Талат Џафери.
Вајгл тврди дека иницијативата „Жан Моне“ не е замена или продолжение на Пржинскиот договор, туку негова цел е отворање дијалог што би ја зголемил емпатијата и отворањето дискусија без притисок на јавноста и на медиумите, што ќе придонесе кон конструктивно функционирање на Парламентот.
- Ве уверувам дека ЕП дава поддршка на проширувањето. Важно е Македонија да ги спроведе амбициозните реформски проекти што е од есенцијално значење за отворање на преговорите со ЕУ во догледно време. Датум сепак не можам да кажам, порача Вајгл.
Прашан како очекува пратениците да седнат на заедничка маса кога се уште не се расчистени настаните од 27 април, Вајгл рече дека се надева дека од тоа болно искуство сите политички партиии ќе извлечат поука и оти на средбата крај Париз само ќе се дебатира за проблемите, а местото за нивно решавање е Собранието.
За можен датум за одржување на средбата, Вајгл најави дека тоа е последната недела од јануари. Тема на првиот состанок ќе биде Деловникот на Собранието и Етичкиот кодекс за пратениците како и владењето на правото. Состанокот ќе биде во формат по еден координатор и еден пратеник од пратеничката група. На состанокот ќе присуствуваат и Џафери како претседател на македонскиот Парламент, еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, како и претставник од Владата и од Парламентот на Франција како земја домаќин.
Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери истакна дека Собранието е подготвено да ги следи сите препораки на ЕУ и да ги спроведе во целост, а кои се во полза на нашите институции и граѓани.
- Ние сме подготвени како Собрание, а истото мислење го споделуваат политичките партии претставени во Парламентот да ја прифатиме препораката на пратениците во Европскиот Парламент да го отвориме процесот на дијалог во рамки на проектот „Жан Моне“ како нова димензија на дијалогот на парламентарните групи кои би можеле да продолжат и овде во нашата држава за да придонесеме наредниот извештај на ЕК биде позитивен за Македонија и да отвори можност за отпочнување на преговорите, рече Џафери.
Ново на Сител
-
Тошковски: Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период
-
Уапсено лице кое предизвикува пожар во скопско Огњанци
-
Објавена снимка од надзорна камера, Арсовска прва нападнала, а полицијата веднаш реагирала | ВИДЕО
-
Освоивме прва награда на ICAMES во конкуренција на 15 држави | Елена и Марко од ФЕИТ | Sitel Podcast 103
-
Алкараз ќе ја брани титулата на Вимблдон, откако избори трето финале
-
Новата ракометна сезона ќе ја отворат Еурофарм Пелистер и Вардар во Супер купот
-
Утре потопло со пораст на дневните температури
-
Општина Чаир го осудува нападот врз Арсовска, нагласува дека никој од институцијата не е поврзан со настанот